Се чини дека Хакан Чалханоглу сепак ќе остане на „Сан Сиро“ и ќе продолжи да го носи дресот на Милан и во иднина.
Турскиот фудбалер пристигна во Милан во 2017-та година, но со оглед на тоа што не игра баш во најдобра форма, често се поврзуваше со враќање во Германија. Сепак, најверојатно тоа нема да се случи со оглед на тоа што веќе Чалханоглу започнал преговори со управата на „Росоњерите“ за продолжување на соработката.
Италијанските медиуми пренесуваат дека агентот на Чалханоглу, Бекташ Демиртес пред неколку дена имал состанок со раководството на клубот и наскоро двете страни најверојатно ќе постигнат договор.
Оваа сезона Чалханоглу одигра 14 натпревари во Серија А на кои постигна два погодоци и забележа една асистенција.