Нејмар: Среќен сум кога играм фудбал

Точка

12/12/2019

15:52

1.429

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Нејмар остана во ПСЖ и покрај големите напори на управата на Барселона да го врати назад на Камп Ноу.

Нејмар беше запрашан за неговата иднина по вчерашниот натпревар против Галатасарај во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Дали сум среќен во ПСЖ? Среќен сум кога играм фудбал“, изјави Нејмар чиј одговор не беше баш прецизен.

„Тоа што најмногу го сакам е излегувањето на терен, без оглед на тоа каде се наоѓам. Кога постојат два тимови и топка, среќен сум“, изјави Нејмар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг