Мурињо: Сите ќе сакаат да го избегнат Тотенхем

Точка

12/12/2019

15:48

2.278

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека сите ќе сакаат да го избегнат неговиот клуб на ждрепката во осмина-финалето од Лигата на шампионите.

„Екипите кои беа првопласирани во своите групи нема да сакаат да играат против нас. Мислам дека ние сме една од најсилните екипи од вториот шешир. До крајот на февруари ќе ги запознаам подобро моите играчи и тие подобро ќе ме сфаќаат. Имаме уште два месеци заедничка работа и ќе бидеме повеќе подготвени“, изјави Жозе Мурињо.

Ждрепката за осмина-финалто во Лигата на шампионите ќе се одржи во понеделник во Нион. Во првиот шешир ќе бидат првопласираните екипи од групите - Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг, Ливерпул, Манчестер Сити, ПСЖ и Валенсија.

Во вториот шешир се најдоа второпласираните екипи од групите - Аталанта, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Челси, Лион, Наполи, Реал Мадрид и Тотенхем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг