Апел од српски семејства Хандке да добие улица и споменик во Белград

Макфакс

12/12/2019

15:45

1.991

Големина на фонт

а а а

Семејствата на српските жртви на Косово денеска побарале од претседателот и од премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ, писателот Петер Хандке, овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература, да добие улица и споменик во Белград, пренесува „Спутник“.

Тие сметаат дека Хандке заслужува една улица да го носи неговото име и државата да му изгради споменик како за борец за вистината и правдата.

Здружението наведува дека Хандке ја препознал вистината и ја осудил неправдата и дека јавно зборувал за страдањата на Србите и за злосторствата извршени над Србите во Косово.

„Затоа апелираме до српските државници, бидејќи еден ваков борец за вистината заслужува и улица и споменик во Белград“, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг