После еден куп озборувања, тој конечно се огласи: Бред Пит ја откри вистината за љубовниот живот

Кармин

12/12/2019

16:32

5.466

Големина на фонт

а а а

Во интервју за „New York Times“, Бред Пит се огласи за озборувањата кои последните три години кружат за неговиот љубовен живот.

Откако се разведе од Анџелина Џоли, медиумите го спојуваа со многу жени, но ниедна од тие врски никогаш не беше потврдена.

Пит тврди дека ретко чита вести за неговиот љубовен живот.

„Не се трудам да го избегнам тоа, едноставно не барам такви вести. Не знам со колку жени ме поврзуваа во последните три години, ниедна од тие приказни не беше вистинска. Можеби нешто сум покажал, но можеби тоа ништо не значи“, рекол тој.


Професорката Нери Оксман, дизајнерката на накит Сет Хари Калса и Алиа Шавкат се само некои од дамите за кои странските медиуми тврдеа дека се неговите нови девојки.

Од разводот од Анџелина, Бред не потврди ниту една нова љубов. Џоли ја запознал во 2004-та година на снимањето на „Г-дин и Г-ѓа Смит“, а иако тогаш бил во брак со Џенифер Анистон, љубовта победила. За време на 10-годишната врска и 2-годишниот брак станале родители на три биолошки и три посвоени деца.

Во една прилика признал дека причината за нивниот развод била неговата зависност од алкохол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk