Ги покажала голите гради, но со сосема поинаква цел: Шеј Мишел одлучила да го разбие најголемото табу за жените

Кармин

12/12/2019

16:07

5.141

Големина на фонт

а а а

Актерката Шеј Мичел и нејзиното момче Мет Бабел неодамна станаа родители на девојче кое го доби името Атлас.

Откако излезе од породилиштето, Шеј не мирува – таа се грижи за својата ќерка, но и работи промовирајќи ја нејзината нова ТВ серија “Dollface”. 

Некаде помеѓу промоциите и патувањата, актерката пронашла време и да организира гламурозна и модерна фотосесија со ќерката, пишува “Cosmopolitan”. На една од фотографиите, Шеј позира облечена во прекрасен зелен мантил, додека нејзините гради се голи бидејќи во прегратки го држи бебето кое го дои.

Со ваквата фотографија, актерката е претставена како силна жена и мајка, а коментарите на фотографијата биле различни. Додека повеќето ѝ упатиле позитивни коментари за изгледот и за храброста со која зрачи, имало и такви кои ѝ замериле што на фотографијата не гледа во своето бебе туку во објективот на камерата.

Шеј со оваа постапка сакала да ја сруши стигмата за жените кои дојат во јавност и да ги охрабри дека ништо што е поврзано со мајчинството не е срамно. Браво, Шеј!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk