Роналдо: Би потпишал за да играм против Реал во…

Дерби

12/12/2019

14:20

2.633

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо имаше една непријатна епизода со фудбалски фан по крајот на мечот меѓу Баер Леверкузен и Јувентус, но иако беше прилично бесен во прв момент, тоа немаше подолготрајни последици бидејќи Португалецот одработи неколку интервјуа.

Јувентус како првопласиран во својата група обезбеди пласман во осминафиналето и во понеделник на ждрепката ќе добие противник кој заврши втор во својата група, а интересно, тоа може да биде неговиот поранешен клуб Реал Мадрид кој заврши зад ПСЖ во воведната рунда.

Кристијано е свесен дека може да игра против Реал уште во осминафиналето, па затоа нагласи дека е подготвен да потпише документ за да избегне такво сценарио уште сега.

– Кој не сакам да го видам на ждрепката? Реал Мадрид е фантастичен тим, но сакам да го видам подоцна. Би потпишам да играм против нив во финалето во Лигата на шампионите, – порача Роналдо за „Скај Спортс“ и додаде.

– Сега сум многу подобар, физичките проблеми се зад мене. Четири седмици имав мали проблеми со коленото, но сега се е минато. Работите се подобруваат, како тимски, така и индивидуално. Играме се подобро и имаме се поголема самодоверба како тим. Уживам да играм и со Игуаин и со Дибала. Навистина уживаме и се забавуваме на теренот, – нагласи Португалецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг