Знаете ли кој е најскапиот град на светот?

Точка

12/12/2019

15:15

6.502

Големина на фонт

а а а

Еден град убедливо се наоѓа на првото место на најскапите градови во светот, веќе втора година по ред.

Многу е лесно да ги доживеете сите понуди кои овој град ги нуди, но треба да имате доволно парични средства за да си го дозволите тоа.

Дали ќе излезете надвор, ќе јадете, ќе се возите со такси, секако дека тоа ќе се одрази на “дебелината“ на вашиот паричник, но тоа вообичаено зависи од тоа во кој дел од светот се наоѓате.


Доколку сакате да заштедите пари во странство тогаш размислете два пати пред да го посетите Хонг Конг затоа што токму тој е најскапиот град на светот.

За да го одредат најскапиот град на светот, фирмата за човечки ресурси “Marcer“ набљудувала повеќе фактори, вклучувајќи ги и трошоците за сместување, превоз, храна, облека, потребни работи за домаќинство и забава.


Во сите тие работи на првото место се нашол Хонг Конг, а ова е втора година по ред како овој азиски град се наоѓа на врвот.

Од топ десет најскапи градови, седум се наоѓаат во Азија. На второто место се нашол Токио, а веднаш позади него Сингапур.

Единствените неазиски градови кои се рангираат помеѓу првите 10 најскапи се Цирих, Ашбабат и Њујорк. 







Спонзорирани линкови

Маркетинг