Протекла снимка на која Џеј Ло танцува по танга! Има 50 години и поради нејзиното тело "паѓаат вилици до под"

Точка

12/12/2019

13:47

3.909

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Лопез е номинирана за престижната награда Златен глобус за улогата на Рамона во филмот "Hustlers". Рамона е стриптизерка која заработува пари за себе и своето дете танцувајќи во клуб.

Сцените од филмот го воодушевиле целиот свет, а нејзиниот свршеник Алекс Родригез на социјалните мрежи го пофалил нејзиниот труд. 

На ЈуТјуб неодамна се појавило досега невидено видео од сетот на кое Џенифер танцува околу шипка, го тресе задникот, се забавува со гостите, а наоколу има многу пари кои и ги фрла публиката.

"Најдобро потрошени две минути од мојот живот", "Уште не можам да верувам дека ја играше оваа улога", "Оваа жена гори", се само некои од коментарите.

"Не можам да биде погорда што Здружението на холивудски странски новинари ми го даде ова признание. Рамона беше комплексен лик и ми беше чест да оживеам таков лик. Филмот е плод на љубов, пот и упорност, напишан, режиран, продуциран и монтиран од лоши жени. Горда сум и почестена што ги претставувам во овој филм", напишала Џеј Ло на социјалните мрежи во знак на благодарност за номинацијата.

За потребите за оваа улога, пејачката морала напорно да вежба за да се доведе до совршена фигура, а дури и посетила неколку стриптиз клубови за да дознае нешто повеќе за работата на девојките за кои се зборува во филмот.

Инаку, ова не е прв пат актерката да биде номинирана за Златен глобус. Пред 21 година се натпреварувала во категоријата за најдобра главна женска улога во филм, мјузикл или комедија за улогата Селена, во истоимениот филм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг