За изневерувањето многу често не постои оправдување. Меѓутоа, очигледно дека поединци кога ќе влезат во некоја афера се одибуваат на секој начин да добијат втора шанса кај своите партнери па така смислуваат некои од најневеројатните изговори.
Ви ги откриваме најлудите оправдувања за емотивни изневерувања кои ги насмеале многумина, но уште еднаш потсетуваат на искреноста и почитувањето кои се едни од најважните работи во секоја љубовна врска.
„Имав момче кое по изневерувањето ми рече дека Господ му кажал да ме изнвери и дека тоа било судбина“ - напишала некоја корисничка на “Reddit“.
„Не ме обвинуваше за изневерување, но неговиот изговор за тоа што исчезна една вечер и не се јави беше дека имал срцев удар и дека бил во болница“.
„Мојот поранешен партнер добил генитален херпес, а неговата мајка го праша пред мене дали се напил лек. Кога го прашав за кој лек станува збор ми кажа дека има туберкулоза“.
„Не знаев како да ти кажам дека сакам да раскинам со тебе“.
„Ме изневеруваше затоа што всушност мислеше дека ми треба траума за да доживеам личен развој. Ова не е шега, поранешниот беше писател“.
„Ми кажа дека главата ми е премногу мала во споредба со неговата поради што имаше проблеми кога ќе се фотографиравме затоа што секогаш мораше да застане позади мене“.
„Девојката со која ме изневери имаше исто име како мене и беше родена на истиот ден како јас. Ми кажа дека го потсетувала на мене“.
„Зато што бев болна и морав да пијам сируп за искашлување така што не можев да одам на кино да гледам филм со него. Очигледно дека му било потребно друштво“.
„Ми кажа дека заборавил дека сме во врска“.
„Ме изневери затоа што го обвинив дека тој мене ме изневери“.
Дали и вие имате некој најлуд изговор за изневерување кој сакате да го споделите со нас?