Не помина лесно во Малме: Ибрахимовиќ остана без нога, му виси и јаже на вратот

Дерби

12/12/2019

12:23

1.617

Големина на фонт

а а а

Навивачите и граѓаните на Малме се чини дека никогаш нема да му простат на Златан Ибрахимовиќ што стана косопственик на нивниот голем ривал, Хамарби.

Ибрахимовиќ неодамна објави дека ги откупил акциите од клубот, а таквата вест воопшто не беше добро дочекана од навивачите на Малме чија легенда е фудбалерот.

Ибра неодамна доби статуа пред стадионот на Малме, а по објавата на вета дека тој станува дел од Хамарби истата беше вандализирана од хулигани. Меѓутоа, во првичните напади не успеаја да ја оштетат многу, иако во еден момент истата вивна во пламен.

Сепак, сега навивачите на Малме си ја завршија задачата затоа што откинаа една нога од статуата со помош на моторна пила, а околу вратот на Ибрахимовиќ има јаже за бесење.

Од миленик Швеѓанецот стана најомразениот лик во цело Малме.




Спонзорирани линкови

Маркетинг