Фудбалерот на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд речиси сигурно ќе си замине од редовите на австрискиот клуб откако за него има интерес од сите големи европски екипи.
19 годишниот фудбалер има откупна клаузула од само 20 милиони евра, а според новинарот на „Радио 91.2“, Рур Нахрихстен, Мино Раиола слетал на аеродромот во Дортмунд.
Таму агентот бил пречекан од вработени во Борусија Дортмунд со кои наводно се упатил во просториите на клубот за да преговара евентуален трансфер на неговиот клиент.
Освен Борусија Дортмунд, за Халанд се интересираа и Манчестер Јунајтед и Јувентус, но по најновиот развој на настаните можно е младиот Норвежанец да ги засили „милионерите“.