Татко и ќерка ја преживеале страшната ерупција на вулканот: Никогаш нема да ги заборавам криците на повредените луѓе!

Точка

12/12/2019

12:03

2.044

Големина на фонт

а а а

Еден од туристите кои го напуштиле островот кратко пред ерупцијата на вулканот бил Џеф Хопкинс, кој раскажал дека никогаш нема да ги заборави криците на повредените луѓе.

"Поведи ме! Горам! Запален сум", се сеќава Хопкинс како викала една жртва. 

Екипажот одлучил да се врати и да помогне

Бродот на кој бил Хопкинс го напуштил Белиот остров нешто пред ерупцијата која се случила во понеделникот. На островот тогаш останале 47 лица.

Кратко по ерупцијата, екипажот на бродот одлучил да се врати до островот и да им помогне на повредените.

"Гледавме луѓе во вода како пливаат далеку од островот", рекол Хопкинс за CNN.

Џеф Хопкинс бил на излет со својата ќерка Лилани кога се случила ерупцијата.

"Донесоа околу 23 лица на бродот, имаа ужасни изгореници", рекол тој.

"Многу луѓе носеле кратки панталони и маици со кратки ракави, па така рацете и нозете веднаш им изгореле. Им отпаѓаше кожата, им висеа прстите", додал Хопкинс.

Екипажот на бродот на компанијата "Бел Остров Турс" очајнички ги замолил сите туристи со медицинско познавање да помогнат. Хопкинс и неговата ќерка минале обука за прва помош и им помагале на жртвите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг