Глас за Македонија: Бугарската Академија отворено го негира постоењето на македонскиот јазик

Макфакс

12/12/2019

11:49

931

Големина на фонт

а а а

Партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева најостро реагира на, како што велат од таму, шовинистичките и пред се ненаучни изјави на Бугарската Академија на науките, која отворено го негира постоењето на македонскиот јазик.

„Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин. Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безбројни и стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници, лингвисти од целиот свет“, се наведува во соопштението на политичката партија.

Глас за Македонија бара итен прекин на работата на мешовитата комисија составена од експерти од двете земји, бидејќи според нив, истата има за цел да ја избрише македонската нација и македонскиот јазик.

„Овој штетен договор, секако не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува“, сметаат од партијата на Грчева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг