Зидан со дрзок одговор околу Лука Јовиќ: Тоа е мој проблем, не ваш…

Дерби

12/12/2019

11:28

1.777

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид вчера со 3:1 славеше победа против Клуб Бриж во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

На овој натпревар шанса за настап доби и Лука Јовиќ кој по подолго време се најде во почетната постава.

Србинот уште еднаш не го најде патот до мрежта, па беше заменет во 77. минута кога му отстапи место на Карим Бензема. По средбата свој коментар за Јовиќ даде Зинедин Зидан кој дрско им одговори н новинарите.

- Не мислам дека Лука се чувствува изгубено. Досега играше малку а на фудбалерите им е потребна поголема минутажа за да бидат подобри. Засега се покажува, а кога ќе игра, тоа е мој проблем не ваш. Тој знае каква е ситуацијата и дека треба да напредува. Мене искрено ми е тешко да му ја пронајдам позицијата, - истакна Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг