Работниците во Ford откриле како измамиле милиони купувачи

Точка

12/12/2019

18:07

7.765

Големина на фонт

а а а

Работниците во американскиот гигант Ford откриле како нивната компанија измамила милиони купувачи.

Имено, Форд неодамна е обвинет дека свесно продавал автомобили со проблематични менувачи. 

"Ја знаевме нивната тајна, но молчевме и ништо не направивме по тој повод", потврдиле седуммина работници на Ford кои работеле на развој на моделите Fiesta и Focus.

И покрај бројните критики, Ford продолжил да продава автомобили својот шестстепенски DCT менувач, иако во компанијата биле свесни дека проблемите не се отстранети.

Неоспорно е утврдено дека DPS-6 со софтвер од 2011-та може да откаже и автомобилот да ја изгуби силата при движење со голема брзина на автопат.

"Рацете ни се валкани. Се чувствуваме грозно", рекол еден од инженерите, кој сакал да остане анонимен, а кој играл клучна улога во склопувањето и проверката на спорните автомобили.

Кога го прашале дали компанијата ги игнорирала предупредувањата од своите експерти за неисправноста на некои менувачи, вработен во Ford потврдил дека "возилата биле исправни кога ги донеле на тестирање, но во текот на тест-возењето и по неколку илјади минати километри биле свесни дека нешто не е во ред".

"Ни беше кажано: Ништо не проверувајте. Добивме чудни наредби. После тоа, ако поставувате прашања, обвинети сте за бунт. Некои колеги дури и се обидоа нешто да направат, но безуспешно, а на повеќето рацете им беа врзани. Сепак, бевме свесни дека таквите менувачи ќе предизвикуваат механичка катастрофа".

Во јули 2018-ма година поротата во Лос Анџелес му доделила отштета од 554.000 долари на човек кој го обвинил Ford дека на измама му продал автомобил со DPS-6, и покрај тоа што знаел дека не може да се поправи.

Со други зборови, Ford Motor Company ги измамил своите купувачи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг