Младенците од американската сојузна држава Вирџинија кои исчезнаа откако еруптираше вулканот на Нов Зеланд се пронајдени. Мет и Лорен Ареј се пренесени со хеликоптер поради големите изгореници со кои се здобиле.
Мајката на Лорен, Барбара Бархам претходно изјави дека не се слушнала со својата ќерка и зетот откако Мет оставил морничава гласовна порака во која вели дека се тешко повредени. Лорен моментално се опоравува со изгореници на 20% од нејзиното тело, додека нејзиниот сопруг Мет има изгореници на дури 80% од неговото тело.
Мет пред да исчезне со сопругата, веднаш после ерупцијата оставил гласовна порака во која рекол дека „се случила вулканска ерупција и дека многу се изгорени“, пренесуваат новозеландските медиуми.
ICYMI: “It’s a nightmare,” Janet Urey said about the incident involving her son Matthew, 36. “To hear him just breaks my heart. I just want to be there.”https://t.co/117TstN62T
— TribLIVE.com (@TribLIVE) December 11, 2019
„Рече дека ќе се обиде да се јави што е можно поскоро, но телефонските повици беа отежнати. Неговите раце биле толку изгорени па не можел да телефонира. Очигледно, во паника сум, не знам што да правам“, изјави Бархам.
Таа со својата ќерка и зет се слушнала пред да отпатуваат до активниот вулкан на Белиот остров. Бархам откри дека парот не биле загрижени поради можната ерупција и покрај предупредувањата на „умерена вулканска активност“ во изминатите неколку седмици на тоа подрачје.
„Лорен рече дека ќе го посетат вулканот. Мојот маж се пошегува и рече - се надевам дека не е активен. Имаше предупредувања. Мојот зет никогаш не би отишол на излет ако знае дека постои шанса да бидат повредени“, изјави Бархам.
Лорен и Мет се меѓу 47-те луѓе кои што биле на Белиот остров за време на ерупцијата која се случи во 14:15 по локално време. Според последните информации, најмалку осум лица го загубија животот во ерупцијата на вулканот, додека по уште осум лица и натаму се трага.