Ел Класико ќе се игра на неутрален терен?

Макфакс

12/12/2019

09:49

1.137

Големина на фонт

а а а

Првиот сезонски дуел помеѓу Барселона и Реал е одложен поради протестите во каталонската престолнина, а како сега стојат работите проблематичен е и новиот термин за одигрување на дербито, 18 декември. Можно е дуелот да биде одигран на неутрален терен.

Групата која се залага за независност на Каталонија и која ја предводат непознати лица, собирите и протестите ги закажуваат преку социјалните мрежи. Оваа група ги повикала своите приврзаници да се соберат пред стадионот на Барселона на 18 декември во 16 часот по локално време.

Ова може да го загрози одигрувањето на дербито, но како што пренесуваат медиумите Фудбалскиот сојуз на Шпанија има можност да го префрли дуелот на неутрален терен доколку процени дека не постојат безбедносни услови за одигрување на натпреварот.

Членовите на советот при Фудбалскиот сојуз на Шпанија и претставниците на двата тима денес ќе одржат состанок за да ја анализираат ситуацијата пред дербито.

Наводно Реал не биле против тоа дуелот да биде одигран на неутрален терен.

За да биде натпреварот префрлен на неутрален терен градот Барселона и локалната полиција мораат да бидат сигурни дека постои голем ризик од инциденти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг