Израелците се заканија: Ако единствената опција е војна, тогаш ќе нападнеме!

Точка

12/12/2019

08:53

2.742

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет го предупреди Иран дека Сирија може да стане трајно боиште во кое не можат да победат.

Реакцијата на израелскиот министер за одбрана следува откако властите од Тел Авив го обвинија Техеран за распоредување на трупи во соседна Сирија.

„Им порачуваме на Иранците - Сирија ќе стане вашиот Виетнам. Ако не си заминете, ќе искрварите, затоа што ние без двоумење ќе ги елиминираме агресивните сили од Сирија“, изјави Бенет.


И израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ изјави дека израелските власти не ја отфрлаат можноста за напад доколку Иран произведе сопствено нуклеарно оружје.

„Тоа е опција. Нема да дозволиме Иран да произведе нуклеарно оружје. Ако на нам единствена опција ни е војната, тогаш така и ќе се однесуваме. Заканата со санкции не е доволна. Единствена ефикасна мерка е воената закана насочена против иранскиот режим“, порача шефот на израелската дипломатија.


Израелските воздухопловни сили во изминатите неколку години изведоа голем број на воздушни напади на позициите на иранските сили на територијата на Сирија, а беа забележани и бројни ракетирања од Сирија кон Израел.

Тел Авив тврди дека Техеран им испорачува оружје на Сиријците како средства за напад на Израел, па така Израелците „превентивно“ изведуваат воздушни напади и ја елиминираат заканата по нивната национална безбедност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг