Во Франција на 62 години во пензија, минимален износ 1.000 евра

Точка

11/12/2019

20:56

2.865

Големина на фонт

а а а

Францускиот премиер Едуар Филип објави детали од контроверзната реформа на пензискиот систем, кој изминатите денови предизвика масовни протести низ Франција.

Филип рекол дека минималната возраст неопходна за пензија ќе остане 62 години, но дека работниците за целосна пензија ќе мора да работат до 64 години.

Премиерот Филип истакнал дека спроведувањето на пензискиот систем ќе биде одложено, а новиот систем ќе важи само за граѓаните родени по 1975 година.


Владата соопшти дека минималната пензија од 1.000 евра ќе важи за оние кои работеле цел свој живот. Војниците, пожарникарите, затворските чувари и полицијата ќе можат да се пензионираат порано. Одлуката на владата следи по седумдневните штрајкови во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг