Можете ли да погодите колку години има оваа жена?

Точка

11/12/2019

19:35

4.602

Големина на фонт

а а а

Викторија Федерстоун Пирс изгледа 20 години помладо, а тврди дека за тоа е заслужна веганската исхрана и природната козметика.

Русокосата Британка станала ѕвезда на Инстаграм, благодарение на своите фотографии и совети за убавина, а многумина не можат да поверуваат дека е на прагот на 50-тите години. Викторија има 48 години, но лице на жена која е во доцните 20-ти. 

Инстаграм моделот и сопственичка на добротворни здруженија се свртела кон веганството пред 15 години и вели дека никогаш не се чувствувала поздраво и посамоуверено.

“Вегетаријанка сум од својата шеста година, а преку ноќ станав веганка на 33 години кога дознав за темната страна на млечната индустрија”, изјавила таа.

“Верувам дека тоа придонесе да изгледам како што изгледам бидејќи се чувствувам подобро и поздраво отколку што се чувствував кога имав 20 години”, додала Викторија.

Таа вели дека користи само креми без хемикалии и вегански производи и никогаш не се подложила на естетски корекции. Пирс вели и дека сака да продолжи со ваквиот начин на живот и се надева дека ќе биде здрава и витална и кога ќе има 90 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг