Дизниленд низ детската призма: „Стефан во магичниот град“ е новата сликовница на Александра Велинова

Точка

11/12/2019

17:31

2.451

Големина на фонт

а а а

Македонската водителка Александра Велинова, освен што пред неколку денови ја доби својата втора најголема радост, одлучи овојпат да ја израдува македонската читателска публика, односно оние најмалите и најмилите со нова детска сликовница.

„Стефан во магичниот град“ е направена за да биде допадлива за сите, и за возрасните и за децата па картата за “магичното патување“ низ Дизниленд е резервирана за сите.

Сликовницата е издание на македонската издавачка куќа “Култура“ и истата може да ja најдете таму.


Велинова, овојпат како автор на оваа сликовница изјавува:

„Сликовницата е инспирирана од едно наше незаборавно патување. Од дома до Дизниленд со автомобил. Вообичаено дестинациите ги бираме да бидат допадливи и интересни за Стефан, но не помалку уживавме и ние.

Тој имаше 4 години и одлично се сеќава на сè иако се сомневавме. Во„Стефан во магичниот град“ раскажани се неговите рекции во атракциите кои ги посетивме, низ перцепцијата на детските очи која секогаш е поразлична од онаа на возрасните.


Има многу хумор, возбуда, изненадувања, необични средби... Емоции... Ние Балканците сè уште знаеме да кажеме “ти си машко не треба да се плашиш...“ Е овде сè е дозволено. Децата можат да бидат и изненадени и исплашени и среќни.


Сите емоции кои илустраторот Никола Темков одлично ги доловил. А, за емоции змаеме децата уште од градинка учат. Па, така бидете подготвени за средби со пирати, принцови и принцези, патување во вселената, автомобилска трка и многу други авантури низ кои ве води главниот лик Стефан“ - вели Велинова.

Не ни преостанува ништо друго освен да се впуштиме низ страниците на возбудливата авантура во “Дизниленд“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг