Лидерките како жртви на насилство врз жените - Ангела Меркел, Брижит Макрон, Мишел Обама, Хилари Клинтон...

Точка

11/12/2019

18:08

1.674

Големина на фонт

а а а

Моќна компанија против насилството на жените, ги илустрирала лидерките како жртви на насилство со слоган “Само затоа што сум жена“.

Ангела Меркел, Хилари Клинтон, Мишел Обама и Брижит Макрон се само некои од жените кои се илустрирани како жртви на семејно насилство, а сè благодарение на италијанскиот уметник Александар Паломбо.


45-годишниот Александро е современ поп уметник и активист познат по своите впечатливи дела кои се фокусираат на поп културата, општеството, различноста, етничката група и човековите права.


Како што вели тој, насилството врз жените е глобален проблем кој ги погодува жените ширум светот, без оглед на расата, класата и религијата.


Насилните и сексистички напади кои во текот на годината ги претрпеле многу од жените во политиката, го нагласуваат силниот сексизам и машкиот шовинизам кој и понатаму постои во светската политика.


Токму поради тоа, Александро ја искористил својата сатирична нео-поп уметност како средство за подигнување на свеста и разумот за важните социјални и културни прашања. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг