Ракун се напил на божиќен панаѓур, се клател по улиците и изгубил свест на скали

Точка

11/12/2019

17:20

2.541

Големина на фонт

а а а

Животното на крајот заспало на скали во близина на автобуската станица.

Граѓаните на Ерфурт во Германија присуствувале на несекојдневна сцена во текот на викендот во која пијан ракун се клател низ градот во обид да најде место каде што би можел да се сокрие и да го излечи мамурлакот. 

Ракунот, кој испил премногу вино на божиќниот панаѓур, се клател по улиците и на крајот ја изгубил свеста на скалите на една зграда во центарот, во близина на автобуската станица.

Се верува дека ракунот ги крадел чашите со вино кои посетителите ги оставале на тезгите и добро се напил. Пред да ја изгуби свеста, се лулал додека одел по тротоарите, минувал преку трамвајските шини и се галел со патниците на автобуската станица.

Според непотврдени информации, оваа несекојдневна и интересна приказна баш и нема среќен крај.

Имено, локалните медиуми прво пренеле дека ракунот го собрале членови на Друштвото за заштита на животните, меѓутоа се воспоставило дека животното било фатено и однесен кај еден ловец.

Инаку, ова не е прв случај на пијано животно во Ерфурт. Минатата година граѓаните пронашле два пијани ежа во близина на црквата во центарот на градот, кои пронашле отворено шише во кое имало алкохол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг