Србинка ги извадила силиконите пред камера: Најпознатата инфлуенсерка повеќе не сака големи усни, еве ја причината

Точка

11/12/2019

16:20

7.090

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Тамара Калиниќ објавила ново видео во кое освен патувањето во Холандија, открила и дека ги извадила филерите од усните.

Имено, Тамара објаснила дека трендот со “напумпани“ усни одамна е минато, како и дека таквите усни повеќе не ѝ се допаѓаат.


„Навистина мислам дека моите усни не се преголеми, но сакам да ги извадам сите филери кои ги имам на нив. Мислам дека големите усни се минато. Ова навистина не е единствената причина поради која дојдов во Амстердам“, рекла Тамара и го снимила целиот процес.

Таа на снимката го прашува докторот дали ѝ е потребна операција, на што тој рекол дека не треба никаква операција, но дека треба да помине некое време за усните да се смалат. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг