Новиот компјутер на “Apple“ поскап од BMW автомобил! Еве што добивате за 52.599 долари од најскапиот компјутер во историјата

Супермен

11/12/2019

16:36

5.065

Големина на фонт

а а а

Американскиот технолошки гигант “Apple“ започна со продажбата на компјутерот “Mac Pro“ по пат на веб сајт.

Во случај да сте размислувале да набавите некој божиќен подарок за некој “hardcore“ програмер, аниматор, аудио продуцент или пак било кој IT професионалец на кој потребна му е голема моќ на еден компјутер, најниската цена за новиот “Mac Pro“ е 5.999 долари.


Меѓутоа, оние кои ја сакаат најмоќната верзија на оваа машина, тоа задоволство можат да го имаат за 52.599 долари, што овој компјутер го прави да биде најскапиот “Mac Pro“ кој некогаш бил направен.


Купувачите со “длабок џеб“ за тие пари ќе добијат “Mac Pro“ со 18 инчен процесор со 2.5 GHz со 1.5 работна меморија, 4.0 интерна меморија и две графички картички од 32 GB.

Во споредба, еден BMW автомобил од серија 3 моментално чини 10.750 долари, пишуваат од “Tanjung“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk