Француската влада ја премина црвената линија

Макфакс

11/12/2019

14:51

1.033

Големина на фонт

а а а

Шефот на францускиот синдикат ЦФДТ, Лорен Бергер, изјави денеска дека планот на владата за пензиски реформи ја преминал црвената линија со предлогот дека владата ќе ги поттикне работниците да го одложат пензионирањето.

Тој за телевизијата БФМ изјави дека состанокот на членовите на синдикатот ќе се одржи подоцна во текот на денот за да се договорат за евентуално продолжување на протестите, пренесува „Ројтерс“.

Бергер го изјави ова откако францускиот премиер Едуар Филип ги откри плановите за нацрт-реформата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг