Ужас на свадба: Ја удрил невестата и ја влечел по скали! Велел дека младоженецот не требало да се венча со неа!

Точка

11/12/2019

14:19

4.407

Големина на фонт

а а а

Денот на венчавката треба да биде најубав за младенците и нивните семејства, особено откако забавата ќе започне.

Но, Ерин Мејсон - Џорџ од Велика Британија имала свадба која сигурно нема со задоволство да им ја раскажува на внуците.

Имено, кумот ја удрил, ја фатил за венчаницата и ја влечел по скалите. Освен што бил кум на венчавката, Томос Ридиан Вилсон е и брат на младоженецот. Откако ја нападнал невестата, ги нападнал и нејзините две сестри и мајка им и рекол дека неговиот брат Стефан никогаш не треба да се венча со неа.

Нападот се случил кога семејството се обидело да му помогне на пијаниот младоженец да отиде во својата соба после венчавката, кога Томос почнал да ја навредува невестата и нејзиното семејство.

Рекол дека неговиот брат Стефан повеќе не е Вилсон бидејќи се венчал со Ерин Мејсон - Џорџ. Го нападнал и менаџерот на хотелот, па уништил дел од имотот на хотелот.

Братот на младоженецот се бранел тврдејќи дека за сè е виновна невестата и дека полудел кога видел дека невестата му удира шлаканици на неговиот брат и го пцуе, бидејќи се напил и не можел да оди.

Другиот кум, Хари Вилсон, кој исто така сведочел, тврди дека тој видел како невестата го удира младоженецот и му вели дека е време за во кревет и дека Стефан паднал од скали. Рекол дека Томос отишол да му помогне пред да го удри невестата, после што нејзиното семејство го нападнало.

Откако биле сослушани сите сведоци и биле прегледани доказите, судот го прогласил Томос за виновен за напад и уништување, па сега мора да ѝ плати отштета на невестата, како и на нејзиното семејство, пренесува Дејли Меил. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг