Дали би дале 84 илјади долари за една обична флопи-дискета?

Супермен

11/12/2019

14:27

2.067

Големина на фонт

а а а

Дискетата со потпис на еден од основачите на компанијата Епл, Стив Џобс, била понудена на онлајн аукција која ја организирала аукциската куќа “RR Auctions”. Пред аукцијата била проценета на 7.500 долари.

Меѓутоа, понудите набрзо започнале да растат. Заинтересираните купувачи нуделе сè повисоки суми, сè додека еден неименуван наддавач не понудил 84.115 долари. 

На дискетата се наоѓа системски софтвер за “Macintosh” од 1988 година (Macintosh System Tools 6.0). Сепак, за високата цена најголем “виновник” е потписот на Џобс на неа, со оглед на фактот дека многу ретко давал автограми во текот на својот живот.

Ова инаку не е првпат автограм на таткото на Епл да достигне толкава цена – постер од долгометражниот филм “Toy Story” со негов потпис бил продаден на аукција во септември, за 30.000 долари, додека неговата молба за работа од 1973 година е продадена за дури 174.000 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk