Холивудскиот заводник открива од кого научил сè за сексот: „Го шпионирав кога бев дете“

Супермен

11/12/2019

14:47

3.455

Големина на фонт

а а а

Иан Сомерхалдер открил дека за сексот многу дознал поради тоа што го шпионирал својот постар брат додека водел љубов.

Во интервју за “Radio Endi“ со Енди Коен тој зборувал за својот сексуален живот. Првпат имал секс на 13 години со девојка која тогаш имала 16 години.

„Имам седум години повозрасен брат па тој ме научи на многу работи. Беше првиот Казанова и постојано имаше некоја девојка во својата соба. Јас ќе се сокриев во аголот на неговиот прозорец и ќе го набљудував додека тој се гали со девојката. Многу научив од тоа“ - изјавил актерот.


Бидејќи во Луизијана зимите знаат да бидат многу ладни, тој добро ќе се облечел, а мајка му мислела дека тој оди надвор да игра со кучето па и какао ќе му направела за да не “замрзне“.

Тој потоа, ќе “направел тоа што треба“ и ќе се врател дома, пишуваат од “Kosmopolitan“.

Додека актерот и водителот се смееле на овие работи од детството на популариот актер, тоа всушност било нарушување на приватниот живот на неговиот брат.

Коментарите на ова интервју воглавно биле многу критични и негативни. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk