Алармантно топење на мразот на Гренланд: Нивото на морето е кренато за речиси 11 милиметри, ако продолжи вака - не ни се пишува добро

Точка

11/12/2019

15:51

2.503

Големина на фонт

а а а

Топењето на ледената покривка на Гренланд од 1992-ра го кренало нивото на морето за 10,6 милиметри, објавиле научниците во списанието "Nature".

Околу 3.800 тони мраз се стопиле во морето од 1992-ра до 2018-та година, објавила група од 89 научници од 50 меѓународни организации. 

Заклучено е дека Гренланд го губи мразот седум пати побрзо отколку во 90-тите години. До тие резултати се дошло со преглед на сите сателитски снимки направени во текот на 26 години, а истражувањето го предводеле Ендру Шепард од Универзтиетот во Лидс и Ерик Ивинс од НАСА.

Ако гренландскиот мраз продолжи да се топи со ова темпо, нивото на морето до 2100-та година би можело да порасне за 20 центиметри.

Во опасност од поплави милиони луѓе кои живеат во пониските крајбрежни региони. Експертите потсетуваат дека денес околу милијарда луѓе живеат во подрачјата кои се само до 10 метри над постоечките граници на плимните бранови, вклучувајќи 250 милиони кои се само на метар од таа граница.

Научниците ја измериле висината на ледниците, брзината на нивното движење и гравитацијата. Мерењето на гравитацијата помага во утврдувањето на масата на гренландската ледена покривка.

Докторката Рут Мотрам, соработничка на данскиот Метеоролошки завод, објаснува дека "Гренланд губи мраз на два начини: површинско топење на мразот, по што водата се излева во океаните и со одвојување на ледените брегови кои потоа се топат на подрачјата во кои мразот е во контакт со океанската вода".

Долгорочно, овие два процеси подеднакво учествуваат во топењето на гренландскиот мраз.

Само во текот на оваа година овој најголем остров на светот изгубил повеќе од 370 милијарди тони мраз.

Повеќето промени се случиле во западниот, јужниот и источниот дел, а сега постепено се преместуваат кон север.




Спонзорирани линкови

Маркетинг