Над 2 илјади коали настрадале во катастрофалните пожари: Ова е Армагедон...

Точка

11/12/2019

13:47

1.371

Големина на фонт

а а а

Шумските пожари кои беснеат во австралиски Нов Јужен Велс ги уништија живеалиштата на коалите и усмртија повеќе од 2 илјади вакви животни.

„Веројатно никогаш нема да ги пронајдеме нивните тела“, изјави екологот Далиан Пју.

Тој додава дека во пожарите е изгубена една третина од живеалиштата на коали во Нов Јужен Велс. Коалите и претходно ги губеа своите живеалишта поради сечата на шумите и урбаниот развој, но според експертите, сега станува збор за разорни размери.

„Имавме многу пожари во изминативе години, но ништо вакво. Ова е Армагедон. Учинокот на пожарите е катастрофален, а цело лето е пред нас“, изјави Чејн Фланаган, директорка на болница во Порт Макари.

Во пожарите кои ја зафатија Австралија изгореа повеќе од 2,7 милиони хектари површина, од кои 1,15 во зоните на националните паркови.


„Вакво нешто не сме виделе“, изјави Атикус Флеминг, заменик министер за национални паркови и природана Австралија.

Експертите за заштита на животната средина бараат итна акција.


„Овие тешки лекции ни покажуваат колку сме биле неподготвени. Немаме протоколи за спасување на коалите пред и после пожарите. Не сме доволно опремени, ниту финансирани“, изјави Кели Ли, извршна директорка на здружението "Science for Wildlife".

Сојузната влада на Квинсленд соопшти дека ќе бидат издвоени 570 илјади хектари државно земјиште како „приоритетна зона за коали“ со цел за нивно опоравување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг