Нема повеќе мистерија за бермудскиот триаголник: Три брода пронајдени без екипаж дале одговор! Ништо не е како што се мислело

Точка

11/12/2019

11:42

14.822

Големина на фонт

а а а

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северниот Атлантски океан, каде исчезнал одреден број на летала и бродови.

Во близина на овој таканаречен триаголник е една од најбараните бродски рути на светот, а по неа често минуваат пловила кон пристаништата во Америка, Европа и на Карибите. Популарната култура ги припишува разните исчезнувања на паранормални настани, па дури и на вонземјани, но можеби постои многу пологично објаснување. 

Серијата "Во Бермудскиот триаголник" открила како три бродови биле пронајдени, но исчезнатиот екипаж помогнал да се инспирира друга теорија.

"Барем три века бродовите и нивните патници очигледно исчезнувале. Понесени од овие легенди, морнарите во 19-тиот век ова подрачје го нарекувале "гробиштата на Атлантикот"".

"Едно од најстарите тврдења за необјасниво исчезнување во триаголникот се случило во 1780-та година, кога воениот брод на САД - Генерал Гејтс - мистериозно исчезнал", се вели во емисијата.

"Многу други мистерии за кои се претпоставува дека се одиграле внатре во триаголникот се со слична природа. Во 1840-та година, францускиот брод - Розали - бил пронајден неподвижен со недопрен товар, но што се однесува до екипажот, тој не бил пронајден".

"Бродот Марија Селест имал екипаж од 10 лица, но кога на 4-ти декември 1872-ра година бил пронајдени, групата открила шолји со кафе кое било топло".

Наградуваниот новинар Роб Симоне открил дека овие случаи го навеле да верува дека пловилата се жртви на злосторства на морињата.

"Тоа е дел од возбудувањето, но исто така и дел од опасноста".

"Некои од овие бродови можеби налетале на некои прилично грозни гусари".

"Нивните бродови можеле да бидат ограбени, а нивниот екипаж бил продаден во ропство или уште полошо, фрлен во морето", вели тој.

Идејата ја развила Сара Нот, професорка на отсекот за историја при универзитетот во Индијана.

"Внатре во Бермудскиот триаголник, пловилата оделе директно на трговскиот пат од Јужна Америка, Латинска Америка, па се до Европа. Најчестите гусари во таа област биле Црнобрадите, како Калико Џек и Блек Цезар".



Спонзорирани линкови

Маркетинг