Заборавете на силиконските, пристигнаа “ѓаволски усни”: Помеѓу жените владее бизарен тренд за кој повеќето се сложуваат дека е одвратен

Точка

10/12/2019

20:38

7.194

Големина на фонт

а а а

Најновиот бизарен тренд се “ѓаволските усни” кои се добиваат со вбризгување на силикон за усни, но не на класичен начин со кои тие би се зголемиле, туку за да се промени нивниот облик.

Меѓутоа, експертите велат дека тоа не е добра идеја. 

“Не можете на овој начин да го менувате анатомскиот облик на усни. Поради несоодветно вбризгување, силиконот би можел да заврши во крвните садови и да доведе до некроза (изумирање на ткивото)”, предупредува д-р Кристина, естетичарка од Лондон.

Некои жени не се одлучуваат на вбризгување филери, туку таквиот облик го создаваат само визуелно преку шминка, а некои користат и Фотошоп.

Коментарите на таквиот изглед се разни, од “одвратно” до “ми се допаѓаат”. Иако мислењето е поделено, повеќето сметаат дека овој тренд е прилично бизарен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг