Се укинува Законот за трговија на зелените пазари

Макфакс

10/12/2019

20:05

1.456

Големина на фонт

а а а

На денешната седница Владата го усвои предлог-законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелени пазари.

Потребата за донесување на овој закон со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари е предизвикана од неисполнувањето на очекувањата утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари кои предизвикаа социјални, даночни и фискални последици за трговците на зелените пазари.

Како резултат на реакциите од страна на граѓаните што на пазарите вршат трговија на мало, Владата донесе нов закон за да престане со важност Законот за трговија на зелени пазари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг