Студентката Лорен Лонд се шокирала кога видела како операторот ја нарекол нејзината WiFi мрежа.
„NOWTVNAZI5“ е името на нејзината мрежа кое ѝ го доделила компанијата „Now TV“, поради кое Лорен се загрижила дека нејзините соседи ќе мислат дека живеат до нацист.
„Тоа е негативен збор од негативен период во минатото. Го променив името на мрежата за да избегнам непријатност. Тоа е збор со многу негативна конотација и не е збор кој очекувате да го видите“, раскажала Лорен.
WiFi мрежата сега ѝ се вика „Hogwarts“, бидејќи, очигледно, таа е голем фан на Хари Потер. Додала и дека е свесна дека имињата се компјутерски ставени, но одлучила јавно да го сподели своето искуство, за да ги предупреди операторите во иднина сепак да внимаваат.