Ангел-нож: Повеќе од 100.000 сечила го свртеа вниманието кон овој пролем

Точка

10/12/2019

19:04

3.213

Големина на фонт

а а а

Националниот центар за железни дела креирал скулптура која, иако можеби не делува така, испраќа силна порака која повикува на решавање на проблемот со насилството.

Ангелот-нож или официјално наречен “Национален споменик против насилството и агресијата” е скулптура која е направена од ножеви кои полицијата ширум Англија ги одземала од насилниците. Преку кампањата наречена “Спаси живот, предај го својот нож” која започнала во 2014 година, биле собрани доволно ножеви за да се оствари овој проект, но не сите полициски станици ја поддржале ваквата скулптура. 

##https://twitter.com/41Strange/status/1203209731663253505?s=20##

Во текот на собирањето “материјали” се случувале и грешки – на пример, имало случај кога наместо ножеви, во еден од пакетите бил испратен експлозив. Но и покрај сето тоа, со помош на соработката од 43 полициски станици бил собран материјал за изработка.

Скулптурата е дело на Алфи Бредли, кој и самиот бил жртва на насилство со нож. Тој споил повеќе од 100.000 ножеви и направил една целина. Пред да ги зацврсти, ги исчистил и дезинфицирал, а семејствата чии членови настрадале од нож можеле да изгравираат пораки во многубројните острици.


Ангелот е висок речиси 9 метри, а основната улога му е да ја поттикне свеста за насилството во кое ножевите се користат како оружје. Скулптурата се пренесува од еден град во друг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг