“Ти си с*ање напаѓач”: Младиот Маињан му се спротивставил на Ибрахимовиќ, а тој се воодушевил од неговиот карактер

Точка

10/12/2019

18:36

3.652

Големина на фонт

а а а

Поранешниот голман на ПСЖ, Мајк Маињан раскажал интересна анегдота од еден тренинг додека дресот на екипата од Паркот на принцовите сè уште го носел Златан Ибрахимовиќ.

Маињан кој денес брани за францускиот Лил имал само 17 години кога му се спротивставил на Ибрахимовиќ на тренинг. 

“Вежбаше шут и топките поминуваа покрај мене со брзина од 400 километри на час. Буфон и Хулио Цезар не би можеле да ги сопрат тие удари. Ми рече: “Ти си с*ање голман”. За мене тоа не беше во ред. Следниот пат го сопрев неговиот удар и му кажав: “Ти си с*ање напаѓач”. Само ме погледна и не рече ништо”, изјавил голманот за “France Football”.


Меѓутоа, тука не бил крајот – на Златан сепак му се допаднала постапката на младиот голман.

“Кога се враќавме кон соблекувалната, Ибрахимовиќ ме застана. Ми кажа дека сум добар, дека му се допаѓа тоа што го направив и дека му се допаѓа мојот карактер. Го сакав и пред тоа, но по таквиот потег го засакав уште повеќе”, истакнал Маињан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг