Траволта воочил грешка во најновиот филм на Тарантино – сигурни сме дека сите го пропуштиле овој необичен детаљ

Точка

10/12/2019

18:09

2.661

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Џон Траволта, кој на филмското платно во 90-тите го врати токму режисерот Квентин Тарантино, во неговото најново остварување “Once Upon A Time in Hollywood” воочил една грешка.

Станува збор за една од последните сцени во филмот во која Рик Далтон, кој го толкува Леонардо ди Каприо, се враќа во Холивуд со авион. 

“Леонардо се враќа дома од Италија, или од каде и да е, а нараторот вели дека се качил на Боинг 747”, изјавил Траволта, а пренесува “Independent”.


Меѓутоа, 747 имал пробен лет во февруари 1969 година, но веднаш потоа завршил на сервис сè до јануари 1970 година.

“Леонардо би морал да лета само со Боинг 707”, заклучил актерот кој и самиот обожува да управува со авиони за кои, секако, поседува и дозвола.

Траволта поседува дури 4 авиони, а во 2010 година ги превезувал сите учесници на ток-шоуто на Опра Винфри од нејзиното студио во Австралија. Тој открил и дека во периодот кога Шерон Тејт (за која помеѓу останатото станува збор во последниот филм на Тарантино) била убиена, исто така живеел во Холивуд.


“Се сеќавам кога беше убиена и како се чувствував тогаш, многу бев исплашен”, признал актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг