Спорни морски граници во Медитеранот! Турција и Либија се договорија, Грција протестира: Договорот настана од лоши намери

Точка

10/12/2019

20:14

2.730

Големина на фонт

а а а

Грција вложила приговор во Обединетите нации поради договорот меѓу Либија и Турција за утврдување на морските граници, сметајќи дека тоа е кршење на меѓународното право, изјавил денес портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас.

Грција го протерала либискиот амбасадор како одговор на договорот постигнат минатата недела, пренесува "Reuters". 

"Овој договор е постигнат со лоша намера", им рекол Петсас на новинарите.

"Тој го крши Законот за море во ОН. Морските зони на Турција и Либија не се допираат, ниту постои морска граница меѓу двете држави", истакнал портпаролот на грчката влада.

Спорот околу резервите за гас на истокот на Медитеранот станува се поостар, наведува агенцијата.

Турција веќе подолго време не се согласува со етнички поделениот Кипар околу резервите на гас кај тој остров.

Грција и Турција се спорат во врска со правата над минералите во Егејското море, а Грција ја обвинила меѓународно признатата либиска влада дека ја измамила Атина во преговорите со Анкара потпишани минатиот месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг