Валверде: Зошто го нема Меси? Се одмара

Точка

10/12/2019

15:37

1.213

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде откри дека Лионел Меси нема проблеми со повреда, туку нема да игра против Интер вечерва за да се одмори.

Со оглед на тоа што Барселона како првопласирана екипа во групата „Ф“ се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите, Валверде одлучи да го одмори Меси, па така Аргентинецот ќе го пропушти дуелот со Интер.

„Меси се одмара, тоа е се“, изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде и додаде:

„Зад нас се важни натпревари, не очекуваат уште поважни и поради тоа одлучив да не повикам некои играчи. Минатата година бевме одлични тука и без Меси“, изјави Валверде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг