Три години сум во врска со патнерот на тетка ми! Почнавме спонтано на море, но знам дека никогаш нема да ја остави! Очајна сум...

Точка

10/12/2019

15:35

6.351

Големина на фонт

а а а

Една 28-годишна девојка се заљубила во партнерот на нејзината тетка, а во една искрена исповед објаснила дека тоа не го бирала сама, туку едноставно се случило.

Имено, нејзината тетка е само 10 години постара од неа, па од таа причина е многу блиска со помалата сестра на мајка ѝ. Сепак сè се променило кога тетка ѝ ја повикала да оди со неа и нејзиното момче на одмор.

„Беше прекрасно, но тетка ми мораше да се врати дома порано, поради работа, така што последните 5 дена од одморот, нејзиното момче и јас ги поминаве сами. Истражувавме многу места, вечеравме во ресторани... Чувствував дека нешто се случува помеѓу нас. Последниот ден од одморот станавме малку подоцна, а тој постојано ми даваше комплименти од кои целата треперев. Тогаш ме бакна и завршивме во кревет“, ја започнала приказната девојката.


Иако парот се договорил грешката од патувањето да не се повтори, не требало да помине многу време за планот да им падне во вода. Секогаш кога тетката ќе отидела на деловно патување, парот бил заедно. Нивната афера трае веќе три години.

„Јас знам дека тој никогаш нема да ја остави тетка ми, впрочем, јас никако не сакам да ја видам повредена... Сакам оваа афера да заврши, но мислам дека не сум доволно силна“, рекла девојката со надеж дека терапевтката ќе ѝ помогне.


„Иако е тешко да исфрлите некого од животот, замислете колку би ѝ било тешко на вашата тетка ако дознае за аферата? Или можеби твојата мајка? Ако мажот навистина те сака, ќе излезе од таа врска“, рекла Деидре и додала дека е време да најде некој кој во целост ќе ѝ се посвети. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг