"Ѕирнале" голите гради на Кејт Мос

Точка

10/12/2019

15:25

2.676

Големина на фонт

а а а

Манекенката позирала за најновата кампања на "Dior", а со своето невнимание ги израдувала припадниците на посилниот пол.

Британската супермоделка Кејт Мос се фотографирала за најновата кампања на Dior за машка облека, пишува "Daily Mail", а на сетот се појавиле нејзините голи гради. 

Манекенката на снимањето имала црни панталони, како и сако во иста бела боја под кое не носела ништо. Додека ги навлекувала панталоните, сакото се поместило на страна, па нејзините гради, но и брадавици, јасно се виделе.

Кејт имала повеќе комбинации, па се пресоблекла во бела кошула и црно здолниште, а пред објективот позирала лежејќи на песокот.

Во паузите Кејт одморала седејќи боса и пушејќи цигара.

Потсетуваме, Кејт на 22 години почнала да консумира кокаин, а станала толку зависна што на забавите консумирала "бело" на секои неколку минути. Таа била фатена како користи кокаин и во едно музичко студио, а тоа ја чинело губење на повеќемилионски договори. После тоа фијаско отишла не лечење во Аризона.

"Никогаш во животот не сум пробала хероин. Се продаваа маици со натписи "Кејт е наркоманка", ми се случуваа ужасни работи. Ми дојде да си кажам на себеси - можеби е подобро навистина да сум на хероин", рекла манекенката тогаш.

Кејт наводно пред неколку месеци драстично го променила животот и оттогаш е трезна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг