Францускиот производител Пежо планира до 2022-ра година да се врати на трката „24 часа Ле Ман“.
Поради тоа, Французите ќе го развијат својот прв хибриден супер-автомобил под ознаката "Rebellion", а автомобилот најверојатно ќе биде благо модифициран за да биде „комерцијализиран“.
Сепак, неговото производство ќе биде лимитирано на само 20 примероци, а истите ќе мора да ги исполнуваат и сите спецификации на "FIA".
Инаку Пежо се повлече од престижната „24 часа Ле Ман“ во 2012-та година, трка на која Франзуците победуваа во 1992, 1993 и 1998 година си 3,7-литарскиот twin-turbo V8 дизелски мотор.
Засега нема повеќе информации за адутот на Пежо кој на трката ќе се бори со адутите на Тојота и Астон Мартин.