Јирген Клоп му се нафрли на преведувачот на прес конференцијата: Преведувај како што треба или јас ќе го правам тоа место тебе…

Дерби

10/12/2019

12:18

1.354

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Ливерпул денес гостуваат во Салцбург каде ги очекува одлучувачки натпревар на кој доколку загубат ќе се збогуваат од понатамошниот настап во елитниот фудбал.

Пред средбата се одржа вообичаената прес конференција на која говореа Јирген Клоп и Џордан Хендерсон.

Капитенот на Ливерпул одговори на едно новинарско прашање и даде поопширно образложение, а преведувачот кој беше задолжен за германскиот јазик само во кратки црти долови што кажал Хендерсон.

Она што го разлути Клоп е фактот што преведувачот една реченица на Хендерсон ја преведи во друг контекст и таа изгледаше така како играчот да рекол дека ќе им биде лесно против Салцбург.

Стратегот на Ливерпул на германски му одговори на преведувачот и му кажа да преведува како што треба, во спротивно тој ќе продолжи да им преведува што кажал Хендерсон на домашните новинари.

##https://twitter.com/Sennesation/status/1204123682957877249##



Спонзорирани линкови

Маркетинг