Крај на драмата во Чешка: После масакрот во болницата, напаѓачот се самоуби...

Точка

10/12/2019

12:34

1.257

Големина на фонт

а а а

Утринава беше извршен вооружен напад во болница во чешкиот град Острава, при што во нападот беа убиени шест лица.

Полицијата интензивно трагаше по напаѓачот во целата држава, а во акцијата беа вклучени и хеликоптерски единици. Како што пренесуваат чешките медиуми, напаѓачот се самоубил во својот автомобил пред да биде фатен од полицијата.

Од чешката полиција потврдија дека околу 10:30 часот бил лоциран автомобилот на напаѓачот. Набрзо потоа тој извршил самоубиство.


Инаку, нападот во болницата во Острава се случи во 7 часот утринава. Напаѓачот пристигнал во чекалната од болницата, по што извадил пиштол и започнал да пука. Како што пренесуваат тамошните медиуми, напаѓачот пукал во луѓето од непосредна близина во глава и витални делови од телото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг