Патничката во авионот одеднаш почувствувала болка, а потоа од панталоните извадила...

Точка

10/12/2019

22:03

11.867

Големина на фонт

а а а

На лет од Сан Франциско до Атланта на американската авио компанија “United Airlines“, на една од патничките ја дочекало неверојатно изненадување во авионот.

„Почувствував силна болка во ногата додека седев на седиштето. Мислев дека ќе престане, меѓутоа болката беше сè посилна па затоа отидов до тоалетот да проверам за што станува збор“.

Непознатата патничка се запрепастила кога видела дека од панталоните излегува жива, вистинска шкорпија.


Набрзо го повикала екипажот на авионот кои се обиделе да го уловат животното и да го спречат отровното суштество да касне уште некој патник од авионот.

На патничката по слетувањето во Атланта ѝ била укажана медицинска помош.

„Никому не му е јасно како шкорпијата влегла во авионот. Останува мистерија дали некој намерно ја ставил во кабината или пак животното само “прошетало“ - рекле од “United Airlines“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг