За прослави што се паметат – кетеринг од Барбакан

Точка

10/12/2019

10:52

3.123

Големина на фонт

а а а

Сијалички, мирис на снег и празнична атмосфера... Да, тоа е оној дел од годината што го обожаваме. Со 2019-та ќе се збогуваме онака како што сакаме да ја дочекаме 2020-та - со тон прослави и позитивна енергија.

Локацијата за прослава изберете ја Вие, но дозволете му на тимот од бистро бар Барбакан да се погрижи за исхраната и пијалаците. Скратете ги главоболките така што менито ќе го препуштите во рацете на врвните кулинари од Барбакан.

На вашите гости приредете им вистинско гастрономско уживање а Вам безгрижна забава. Професионалниот кетеринг на Барбакан ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите. Веруваме дека ова ќе биде првата од низата успешни соработки со овој одлично организиран тим.

Затоа што:

+ Храна за стотици гости

Доколку на Вашата забава имате стотина гости, не постои веројатност дека ќе ги нахраните сите и притоа, Вие лично ќе бидете среќни и опуштени. Затоа што повеќе сакате да се посветите на дружење со вашите гости отколку да поминете време во готвење храна и послужување.


+ Голем избор храна

Ако сами ја приготвувате и служите храната, несомнено е дека ќе имате ограничувања за тоа каква храна може да понудите. Кетерингот на бистро бар Барбакан го работат стручни лица и тие можат да обезбедат каков вид храна и да посакате.

+ Ви заштедуваме време и нерви

Ако планирате пред-новогодишна забава за вашата компанија или некоја друга голема манифестација, ќе бидете растргнати на сите страни. Она што кетеринг услугата на Барбакан ја прави единствена е тоа што со еден контакт, добивате се! Доколку навистина сакате да се опуштите и да уживате во вашата прослава, Барбакан нуди целосен пакет кој вклучува храна, пијалок, бенд, фотограф, келнери (послуга), осветлување, озвучување, коњопои, чаршави и маси... Нуди целосно уживање со ветување дека „ќе бидете гостин на Вашата забава“.

+ Професионална услуга

Персоналот кој е задолжен за реализација на кетеринг услугите е професионален и одлично знае како да се вклопи во атмосферата со што, ниту за момент, нема да се почуствувате како да сте присутни на некој формален настан доколку тоа е потребно.

+ Флексибилност

Она што го прави кетерингот на Барбакан посебен е приспособливоста и подготвеноста на персоналот и менаџментот, во секој момент, да се одговори на вашите барања.


+ Сигурен транспорт на храната

Возилото кое Барбакан го користи за транспорт на храна ги исполнува сите ХАССАП стандарди за храна. Тоа подразбира квалитетен транспорт на храната.

+ Храната е секогаш свежа и вкусна

Она што ја прави единствена кетеринг услугата на Барбакан е тоа дека храната е секогаш свежа, вкусна, одлично приготвена и сервирана. Барот секојдневно врши набавка на свежи намирници од локалните добавувачи.

+ „Готвење во живо“ (live cooking) за време на вашата прослава, со што би можеле да „украдете“ некој трик од вештите готвачи со кои располага Барбакан

+ Забавите со Барбакан се навистина забавни

Доколку сакате да ја „зачините“ вашата прослава, Барбакан нуди и можност да Ви организира тематска забава што ќе ја направи несекојдневна и ќе остане во сеќавањата на присутните засекогаш.

За крај, она што го издвојува бистро бар Барбакан се должи најмногу на проактивноста и желбата на персоналот и менаџментот да овозможат совршено и незаборавно доживување...



Спонзорирани линкови

Маркетинг