Нормандиската четворка се состанала во Париз, а камерите забележале еден интересен детаљ.
Во текот на одржувањето на самитот за решавање на кризата во Украина, украинскиот претседател Владимир Зеленски тргнал да седне на масата, а потоа сфатил дека за малку ќе го заземел местото наменето за Владимир Путин.
Францускиот колега Емануел Макрон со рака му покажал дека погрешил и дека неговото место е од другата страна.
Осознал ошибку: Зеленский хотел сесть на место Путина pic.twitter.com/yzMuOHMtEU
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) December 9, 2019
Зеленски кимнал со главата и со блага насмевка отишол на другиот крај од масата.
Потсетуваме, во Париз се состанале претседателите на Украина, Русија, Франција и Германија, а договорено е да се ослободат и да се разменат сите затвореници кои имаат врска со судирите, до крајот на годината.
Исто така, до крајот на март 2020-та година треба да се расформираат воените сили во три области во Украина.