Таа е новиот Мис Универзум за 2019 година: “Пораснав во свет во кој жена како мене никогаш не беше сметана за убава”

Точка

09/12/2019

13:40

6.295

Големина на фонт

а а а

Јужноафриканката Зозибини Тунзи е крунисана за Мис Универзум 2019 година, на церемонијата во Атланта, САД.

Таа на вчерашната церемонија се истакнала во сите фази од натпреварувањето, од костими за капење до вечерни тоалети, но и објаснила зошто таа е вистинскиот избор, пренесува “CNN”. 


“Пораснав во свет каде жената која изгледа како мене, со мојата кожа и мојата коса, никогаш не беше сметана за убава. Мислам дека е време тоа денес да престане. Сакам децата да ме гледаат и да го видат моето лице и сакам да ги видам нивните лица одразени во моето”, изјавила Тунзи на церемонијата.


За прва и втора придружничка се прогласени Мис Мексико и Мис Порторико.




Спонзорирани линкови

Маркетинг